Systasis 36 (2020)

TABLE OF CONTENTS

PAPERS

Дарин Ангеловски

Преводна рецепција на античката литература во Македонија (Општ и хронолошки преглед 1945–2000)(1-26)

Трудот ги проследува објавените дела од античката литература во Македонија во периодот од 1945 до 2000 година. При истражувањето се земени предвид преводите на македонски јазик направени според оригинални изворници и објавени како самостојни изданија или како избор на покуси делови и фрагменти во периодиката. На тој начин трудот има за цел да понуди што поцелосен увид во обемот, интензитетот, карактерот на преведувачките бранови на дела од античката литература во Македонија во периодот од 1945 до 2000 година.

adobe acrobat pdf file 512 pdf

Даниела Тошева

Птолемајски брачни договори(27-49)

Во оваа статија ќе бидат разгледани четири брачни договори од птолемајски Египет, напишани на грчки јазик. Еден од нив е најстариот договор воопшто напишан на грчки јазик и претставува најстар артефакт за изучување на грчката практика на документирање. Истовремено овие договори се некомпромитирано сведоштво за положбата на жената во хеленистичкиот период, на територијата на Египет.

adobe acrobat pdf file 512 pdf

COMMENDED / AWARDED STUDENT'S WORKS

Ана Грујовска

Термини за животни во микенскиот грчки(50-80)

Со оглед на фактот што сточарството и агрикултурата играле клучна улога во микенската економија, како и на административната функција на плочките испишани со линеарно Бе писмо, не треба да нè зачудува сретнувањето на имиња на домашни животни на нив. Покрај имињата на домашните животни, на плочките се сретнуваат и имиња на некои диви животни, птици и едно морско животно, иако со помала фреквенција. Но, не сите имиња се сретнуваат самостојно. Всушност, најголемиот дел од сретнатите имиња на животни се застапени како дел од сложенки, каков што е примерот со името за овца, грч. ὄϊς, кое се сретнува во сложенките o-wi-de-ta-i, /owide(r)taihi/ (име на професија) и o-wi-ro /Owilos/ (антропоним). Анализирајќи ги имињата на животни на плочките, се стига и до заклучокот дека помал дел од имињата немаат паралели во подоцнежниот грчки јазик, како и дека не сите имаат протоиндоевропско потекло. Оттука произлегува и целта на овој дипломски труд – да се согледа кои имиња на животни сретнати на плочките имаат паралели во грчкиот, а кои не; кои имаат протоиндоевропско потекло, а кои се заемки од други јазици; кои се сретнуваат само како дел од сложенки, а кои се сретнуваат самостојно, сѐ со цел подобро да се разбере развојот на оваа категорија зборови во грчкиот јазик.

adobe acrobat pdf file 512 pdf

JSN Epic template designed by JoomlaShine.com