Превод од латински на македонски јазик
на осмата книга од делото Историја
на природата на Плиниј Постариот
Ања Кузмановска
Апстракт
Овој текст содржи превод од латински на македонски јазик и коментари на осмата книга од делото Историја на природата на Плиниј Постариот. Делото Историја на природата е единственото зачувано дело од Плиниј и претставува една голема ризница на знаење, составена од 37 свитоци во кои е вклучено сето дотогашно знаење за природата. Осмата книга е посветена на копнените животни, на нивните карактеристики, на нивниот начин на живот, исхрана, развој и активности, како и на нивната улога во фармакологијата. Овој труд содржи превод на првите дванаесет дела од осмата книга и заокружува една целина што се однесува на најголемото копнено животно – слонот. Преводот на ова обемно ерудитно дело е огромен предизвик и речиси невозможна мисија за еден преведувач поради неговата обемност и тематска шареноликост, но на глобално ниво недостасуваат преводи и на посебните книги од делото. Делото Историја на природата се смета за првата енциклопедија во светот и за најдобро организирано дело за консултирање од антиката, па оттаму потекнува потребата за овој обид да биде повторно достапно и преведувано, како значајно дело од римската литература и еден од најважните текстови во историјата на науката, кој на современиот читател, врз основа на принципот на анализа, му нуди значаен увид во светогледот и сфаќањата на античкиот човек и во античката култура воопшто.
Клучни зборови: превод, енциклопедиско знаење, Плиниј Постариот, Историја на природата, копнени животни, слон
Библиографија
Изворни текстови и преводи:
Плиније Старији, (2015), Историја природе: Избор, Досије студио, Београд.
Aristotle, The History of Animals, tr. D’Arcy Wentworth Thompson, Oxford, 1910.
Αristotle, History of Animals, tr. R. Cresswell, H. G. Bohn, London, 1862.
C. Plinii Secundi Naturalis Historiae, libri XXXVII, K. F. T. Mayhoff, Lipiae, Teubner, Germany, 1906.
Plinije Stariji, Prirodoslovlje IX: O vodenim bićima, Latina et Graeca, Zagreb, 2021.
Pliny, Natural History, with an English translation by H. Rackham, William Heinemann – Harvard University Press, Cambridge, Massachusetts, 1940.
Стручна литература:
Doi:
https://www.doi.org/10.37834/SY254389k
How to cite:
Кузмановска, Ања (2025), ‘Превод од латински на македонски јазик на осмата книга од делото Историја на природата на Плиниј Постариот’. Systasis 43, pp. 89-110.
Available at:
https://www.systasis.org/pdfs/systasis_43_6.pdf
(Accessed: 19.11.2025).
Published:
19.11.2025
EN
MK

