Повик за трудови и упатства до авторите

(обновено: јуни 2022)

Systasis е меѓународно научно електронско списание посветено на објавување стручни и научни трудови, резимеа од магистерски трудови, резимеа од докторски трудови и трудови од помлади истражувачи од областите класична филологија, античка философија, историја на античкиот свет, археологија, епиграфика, палеографија, дидактика, рецепција и општо земено на теми поврзани со антиката. Списанието исто така објавува и преводи од класичните јазици на македонски и рецензии на книги. Systasis излегува еднаш годишно, во ноември.

Прилозите во Systasis се објавуваат на македонски, англиски, француски, германски, руски и италијански јазик. Списанието не обезбедува превод и лектура, освен за текстовите на македонски. Редакцијата го задржува правото да не ги прифати за објавување трудовите кај кои квалитетот на преводот или лектурата не е на задоволително ниво.

Стручните и научните трудови, како и преводите од класичните јазици на македонски се поднесуваат на рецензија од двајца анонимни рецензенти. Редакцијата нема да ги земе предвид за објавување трудовите што претходно веќе биле објавени на друго место или во моментот се поднесени за објавување на друго место. Авторите се должни заедно со трудот да достават и изјава со којашто ќе потврдат дека трудот не бил претходно веќе објавен на друго место и во моментот не е поднесен за објавување на друго место. Доколку трудот содржи илустрации или друг материјал за којшто важат авторски права, авторот е должен да обезбеди соодветна дозвола.

Општи упатства

Ве молиме придржувајте се до следниве упатства при поднесувањето на прилозите.

Прилозите треба да содржат: име и презиме на авторот, институција во која работи (ако има), електронска адреса, наслов на статијата, апстракт, клучни зборови и текст.

Статиите на македонски јазик треба да бидат придружени со резиме од 200 до 300 збора на еден од погоре посочените јазици. Резимето треба да ги содржи истите компоненти како статијата: име и презиме на авторот, институција во која работи (ако има), електронска адреса, наслов на статијата, клучни зборови и текст.

Текстот на резимеата на магистерски трудови треба да содржи 300–350 зборови, а на резимеата на докторски трудови 1000–1200 зборови. Проширени резимеа на магистерски и докторски тези може да бидат прифатени за објавување и како статии.

За пишување на прилозите се препорачува користење на фонтот Palatino Linotype во поддршка на соодветниот јазик, како и на грчкиот. Ако користат поинаков фонт за грчкиот текст, авторите љубезно се молат да го наведат тој фонт.

Само релативно познати грчки зборови (термини) може да бидат предадени во латинична транслитерација [според конвенцијата ALA-LC (2010)], но не и цели синтагми или реченици. За овие е задолжително да се употребува грчко писмо со сите придружни знаци. На места каде што одговара, изворниот текст може да биде проследен со превод.

Прилозите треба да бидат во формат А4 со проред еден и пол. Бројот на страниците е неограничен.

Прилозите треба да се испраќаат како фајл во MS Word doc или docx и како фајл во pdf на електронската адреса на списанието: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Фотографиите треба да се испраќаат како посебни фајлови, со што е можно повисока резолуција. Други слики и табели исто така треба да се испраќаат како посебни фајлови. Нивното место во текстот треба да биде назначено.

Цитирање и библиографија

За цитатите, библиографијата и белешките употребувајте го харвардскиот систем „автор–датум“: цитирањето во статиите треба да содржи само презиме на авторот, година на издавање и навод на страниците. Покрај ова, статијата треба да биде проследена со целосен список на библиографските единици.

Во продолжение се посочени примери за изгледот на цитатите како што се бара во Systasis.

1. Наводи во фуснотите и во главниот текст

А. Во фуснотите:

1. За антички автори:

Име на авторот, Наслов, број на книга со римски цифри, точка, број на поглавје со арапски цифри, проследено со празен простор, а по него вообичаениот начин на цитирање со број на редот, или со точка, а по неа бројот на параграфот (параграфите) со арапски цифри. Доколку името на авторот и насловот се наведуваат со кратенка, се препорачува користење на системот на кратенки од Greek-English Lexicon (H. G. Liddell ‒ R. Scott ‒ H. S. Jones) и Oxford Latin Dictionary (A. Souter et al.).

Примери:

Aristoteles, Ethica Nicomachea II.1 1103a14–23

Херодот, Истории IV.28.1–7

Pl. Mil. II.3.65

Cic. Flac. 21.50

2. За модерни автори:

а) Презиме (година), страница/страници.

Примери:

Илиевски (1961), 93–94

Papazoglou (1979), 302

б) Ако има двајца автори со истото презиме, покрај презимето се пишуваат и иницијали од името.

Примери:

Rosen, H. B. (1967), 35

Rosen, S. (1982), 47–48

в) Ако има повеќе трудови од истиот автор објавени во иста година, покрај годината се пишуваат латинични букви.

Примери:

Risch (1981a), 23–34

Risch (1981b), 29–31

Б. Во главниот текст:

1. За антички автори:

Исто како во фуснотите.

2. За модерни автори:

а) Презиме година, страница/страници.

Пример:

(Ruijgh 1967, 10)

б) Ако има двајца автори со истото презиме, покрај презимето се пишуваат и иницијали од името.

Примери:

(Rosen, H. B. 1967, 35)

(Rosen, S. 1982, 47–48)

в) Ако има повеќе трудови од истиот автор објавени во иста година, покрај годината се пишуваат латинични букви.

Примери:

(Risch 1981a, 23–34)

(Risch 1981b, 29–31)

2. Список на користената литература на крајот од статијата

Kон статијата треба да биде приложен целосен список на цитираните библиографски единици, подредени по абецеден или азбучен редослед на презимињата на авторите, а по нив годината. Доколку има повеќе од еден труд од ист автор во истата година, се става мала латинична буква по годината на издавање.

2. 1. Наведување книги:

2. 1. 1. Наведување извори и преводи:

Име на авторот, Наслов на книгата, Име или иницијал и презиме на уредникот на изданието или (и) на преведувачот на изданието, издание [доколку има повеќе од едно], назив на книгоиздателството, место на издавање, година на издавање.

Примери:

Homer, Homeri Opera in five volumes, edited by David B. Monro and Thomas W. Allen, Oxford University Press, Oxford, 1920.

Cicero, The Speeches, with an English translation by John Henry Freese, William Heinemann ‒ Harvard University Press, London ‒ Cambridge, MA, 1961.

Овидиј, Преобразби, препев од латински Љубинка Басотова, Три, Скопје, 2002.

2. 1. 2. Наведување на научни/стручни монографии:

Презиме на авторот, име на авторот или иницијал (година на издавање), Наслов на книгата, издание [доколку има повеќе од едно], назив на книгоиздателството, место на издавање.

Пример:

Risch, E. (1974), Wortbildung der homerischen Sprache, Zweite Auflage, Walter de Gruyter, Berlin–New York.

2. 2. Наведување поглавја:

Презиме на авторот, име на авторот или иницијал (година на издавање), ‘Наслов на поглавје’, во: Презиме на уредникот/приредувачот, име на уредникот/приредувачот или иницијал (уред. или прир. или ed./eds.), Наслов на книгата, издание [доколку има повеќе од едно], назив на книгоиздателството, место на издавање, опсег на страниците на кои се наоѓа поглавјето.

Пример:

Burian, P. (1997), ‘Myth into mythos: the shaping of tragic plots’, во: Easterling, P. E. (ed.), The Cambridge Companion to Greek Tragedy, Cambridge University Press, Cambridge, 178–210.

2. 3. Наведување статии од списание:

Презиме на авторот, име на авторот или иницијал (година на издавање), ‘Наслов на статијата’, Наслов на списанието, број на списанието со арапски цифри, опсег на страниците на кои се наоѓа статијата.

Пример:

Badian, E. (1984), ‘The Death of Saturninus’, Chiron 14, 101–147.

2. 4. Наведување статии од конференција:

Презиме на авторот, име на авторот или иницијал (година на издавање), ‘Наслов на статијата’, во: Презиме на уредникот/приредувачот, име на уредникот/приредувачот или иницијал (уред. или прир. или ed./eds.), Наслов на конференцијата, датум на конференцијата, назив на книгоиздателството, место на издавање, опсег на страниците на кои се наоѓа статијата.

Пример:

Killen, J. T. (1999), ’Mycenaean o-pa‘, во: Deger-Jalkotzy, S., Hiller, St., Panagl, O., Nightingale, G., Lindner, T. (eds.), Floreant Studia Mycenaea. Akten des X. Internationalen Mykenologischen Colloquiums in Salzburg vom 1-5 Mai 1995, Verlag der Österreichischen Akademie der Wissenschaften, Wien, 325–341.

2. 5. Наведување електронско издание или веб-страница:

Презиме на авторот или уредникот/приредувачот, име на авторот или уредникот/приредувачот или иницијал (ed./eds.), ‘Наслов на статијата/страницата’, Назив на списанието, изданието, веб-страницата, достапно на: URL (Посетено на: датум).

Пример:

Taida, I. (2008), ‘Diaeresis in the Homeric Hymns’, (Systasis), достапно на: http://www.systasis.org/index.php/en/arhiva-2007-2011/systasis-12-2008 (Посетено на: 23.6.2019).

JSN Epic template designed by JoomlaShine.com