Низ порти од рог: Осврт кон филмот Враќањето (The Return, 2024)
Ведран Диздаревиќ
Катедра за општа и компаративна книжевност
Филолошки факултет „Блаже Конески“
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
Апстракт
Овој труд дава теоретски и критички осврт на филмот Враќањето (The Return, 2024), режиран од Уберто Пазолини, досега најновата филмска адаптација на Хомеровата Одисеја. Поставувајќи ја својата интерпретација во контекстот на претходните епски (главно филмски) и драмски обработки на мотивот на враќањето, во овој труд се истражува трансформацијата на епскиот во драмски модус на претставување на приказната. Трудот покажува дека Пазолини се потпира на драмско згуснување и редукција на бројот на ликови и на настани, со што го преместува акцентот од авантуристичкиот наратив кон психолошката и етичката димензија на враќањето. Во центарот на анализата се трите препознавања (со Телемах, Еуриклеја и Пенелопа) и нивното преиначување во моменти на молк, траума, вина и несигурност, а не на херојство, итрина и реторичка виртуозност, каков што е случајот во Хомеровиот еп. Од ова произлегува дека Пазолини ни нуди едно ново поглавје во богатата и полна со трансформации уметничка биографија на Одисеј. Со повикување на делата на Едвард Бонд (еден од сценаристите на филмот) и на неговиот интерес за политичките импликации на насилството, како и поетиката на размаѓепсување и „реалистичниот“ стил на режисерот, трудот го исчитува филмот како рефлексија на современиот свет обележан од војна, сиромаштија, несигурност и траума. Сепак, овие избори на режисерот водат до контрадикции, кои се истражени на крајот на трудот и кои главно се однесуваат на компатибилноста на поетиката на размаѓепсувањето со митската граѓа на Одисејата.
Клучни зборови: Одисеја, драма, филм, епика, адаптација, препознавање, враќање, траума, размаѓепсување
Библиографија
Изворни текстови и преводи:
Хомер, Одисеја, од старогрчкиот оригинал превел и препеал Михаил Д. Петрушевски, прир. К. Петрушевска и В. Петрушевски, Магор, Скопје, 2015.
Bridges, R. (1902), Poetical Works of Robert Bridges: Volume IV (Palacio, The Return of Ulysses), Smith, Elder & Co, London.
Colee, J., Bond, E., Pasolini, U. (2025), The Return: Transcript. Scraps from the Loft. February 9th. [Online], достапно на: https://scrapsfromtheloft.com/movies/the-return2024-transcript/ (Посетено на: 12.8.2025).
Hauptman, G. (1917), The Dramatic Works of Gerhart Hauptman: Volume Seven – Miscellaneous Dramas, B. W. Huebsch, New York.
Phillips, S. (1902), Ulysses: A Drama in a Prologue & Three Acts, The Macmillan Company, London and New York.
Стручна литература:
Doi:
https://www.doi.org/10.37834/SY254363d
How to cite:
Диздаревиќ, Ведран (2025), ‘Низ порти од рог: Осврт кон филмот Враќањето (The Return, 2024)’. Systasis 43, pp. 63-75. Available at: https://www.systasis.org/pdfs/systasis_43_4.pdf
(Accessed: 19.11.2025).
Published:
19.11.2025
EN
MK

